Гордо ја покажуваат својата љубов: Ирена Спировска и саканиот во блескаво модно издание ги собраа сите комплименти (фото)

|

Македонската водителка Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на македонската јавна сцена од нејзината генерација.

Позната е по својата елеганција, а секое нејзино модно издание е внимателно избрано во согласност со пригодата.

На сцената секогаш е дама во комплетна смисла на зборот, а кога ќе се исклучат камерите, таа е сосема обична и нормална личност која сака да води здрав живот прку спорт и да ужива во кежуал парчиња и комфор.

ФОТО:ИРЕНА СПИРОВСКА/ИНСТАГРАМ

Но, она во што ужива и е љубовта со партнерот. Имено, Спировска извесен период е во врска со Душко Исајловски, а откако потврди дека некој го освои нејзиното срце, Ирена редовно ги полни социјалните мрежи со фотографии од нивните заеднички моменти.

Првпат медиумите ги забележаа како двојка на моден настан, а оттогаш гордо ја покажуваат својата љубов и пред јавноста.

ФОТО:ИРЕНА СПИРОВСКА/ФЕЈСБУК/САРА ФЕШН

Каде и да се појават, Ирена и Душко блескаат со својата енергија, но и модните изданија. Овој пат, на еден настан се појавија елегантни, насмеани и заљубени позирајќи еден до друг.

Таа во црна тоалета со светкав топ, а тој во темно сив костум комбиниран со бела кошула и кафени детали.

ФОТО:ИРЕНА СПИРОВСКА/ИНСТАГРАМ

Нема сомнеж дека непосредно на случувањето ги собрале погледите, но вниманието го привлекоа и на Инстаграм каде собраа многу комплименти и стотици лајкови.

ФОТО:ЗОРАН ЏОРЛЕВ/ФЕЈСБУК

Инаку, Ирена моментално работи на снимањата на нова музичка емисија која ќе се емитува на ТВ Алфа, а како водител-партнер ќе и биде Зоран Џорлев.