Пожар избувнал во близина на салата Расадник во населбата Кисела Вода. Пожарот е во стан на 5 кат и во моментот е празен, но има станари кои се заглавени во зградата која се наоѓа на улица „Народни Херои“ и не можат да излезат. Засега не е позната причината за пожарот. Многу пожарникарни возила се на терен и се обидуваат да ги совладаат пламените јазици.
Оние од лице место, обвинуваат дека пожарникарите наместо да го гаснат пожарот, изгледа како да ја наводнуваат тревата, поради дотраеното возило или цревото од кое излегува вода.
Подетални информации подоцна.