Горивата повторно поевтинуваат – Ова се новите цени

ИЗВОРСкопје24
|

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,13%, информираат од Регулаторната комисија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.