Гостиварец тепал луѓе во Домот на културата и не пуштал вработени да си одат

|

Гостиварец тепал луѓе во Домот на културата и не пуштал вработени да си одат.

Кривична пријава е поднесена против 50-годишен жител на гостиварското село Неготино.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Т.(50) од село Неготино, гостиварско, поради тоа што на 11 мај годинава во 10.00 часот во с.Неготино, во објектот на Домот на културата агресивно се однесувал и физички ги нападнал З.И. и Б.Р. и им ја ограничил слободата на движење на четворица вработени“, соопштија од МВР

Полицијата работи на расчистување на случајот.