Веќе на сите низ глава ни се мотаат празнични рецепти, а откако еднаш ќе ги пробате овие слатки кифлички со лешници и чоколадо, ќе ги подготвувате на секоја прослава и собиранка.
Со оглед на тоа што се прават за 20 минути, може да ги подготвите дури и кога сте во брзање.
Потребни состојки:
200g брашно
70g кафеав шеќер
2 лажици какао во прав
½ лажичка цимет
Малку сол
1 лажичка прашок за печиво
Вода
60g маслиново масло
30g лешници
50g темно чоколадо
Подготовка:
Лешниците и чоколадото исечкајте ги крупно.
Сите суви состојки ставете ги во длабок сад и промешајте, па додадете ги водата и маслото лажица по лажица, додека смесата не се формира.
На крајот додадете ги лешниците и чоколадото.
Од смесата обликувајте полумесечинки и печете 15-тина минути на 80 степени.
Послужете со топол чај, млеко или кафе. Уживајте!