Ова е град кој не е познат и попопуларен од Амстердам, но многумина сметаат дека е поубав и повреден за посета.
Делфт е еден од најубавите градови во Холанија, а исто така е град чија убавина не е уништена од преголемиот број на туристи. Се наоѓа помеѓу Хаг и Ротердам, а цел град е испреплетен со канали кои туристите ги обожуваат. Во Делфт доминираат дрвореди од липа и куќи од црвени цигли, а повеќето потекнуваат од 17-ти и 18-ти век.
Делфт, својот економски и уметнички цут го доживеал во 17-ти век, а секојдневниот живот и атмосферата на градот најдобро ги забележал сликарот Питер де Хох. Тој често ги сликал секојдневните активности на обичните луѓе, најчесто жените, кои го поминувале своето време во дворовите, кујните и дневните простории, како и неговиот колега Јоханес Вермер, кој припаѓа на златното доба на холандското сликарство.
За запознавање на градот треба да ја посетите Старата црква од 13-тиот век, на која подоцна ѝ била додадена камбана. Сликарот Вермер е погребан токму тука. Целиот Стар град е прекрасен, особено каналите низ кои со векови се превезуваат жителите на градот, а денес и љубопитните туристи.
Стариот канал е најстар канал, ископан по основањето на градот, а води до градскиот центар Маркт, голем плоштад на кој доминира собранието на градот од 1618 година, камбанаријата на Новата црква и семејната гробница на кралското семејство.
Во Делфт, како и во повеќето градови во Холандија, треба да посетите што повеќе музеи бидејќи некои од најголемите уметници на светот биле токму Холанѓани. Во музејот Принсенхоф се наоѓаат делата на споменатиот сликар Питер де Хох, пишува британскиот Телеграф.
Градот отсекогаш бил познат по квалитетната ќерамика која до ден-денес се бои рачно во Кралската фабрика.
Доколку се задржите во Делфт неколку дена, искористете ја приликата да се однесувате како вистински Холанѓанец. Изнајмете велосипед и посетете го Хаг или Ротердам, кои од Делфт се оддалечени 12, односно 16 километри.
Холандија е позната по ветерниците, а во последната која опстанала во Делфт постои и музеј.