Град во Хрватска им забрани на кафулињата да пуштаат „Народњачко“: „Дозволена е само соодветна музика“

ИЗВОРНов Лист
|

Одлуката ќе биде на сила следниот викенд во центарот на градот, односно од петок до недела, за време на познатата туристичка манифестација „Пицокијада“ во Ѓурѓевац.

– Се известуваат угостителите кои во целост ги подмириле обврските кон градот Ѓурѓевац, а пројавиле интерес за продолжување на работното време за време на Пицокијадата, се известуваат дека Градот Ѓурѓевац одлучил да одреди различно работно време за рестораните и баровите во градот – се наведува во соопштението.

Како што се посочува, од 24-ти до 26-ти февруари угостителите можат да работат од 0.00 до 24.00 часот.

– Работното време важи и за терасите поставени до угостителските објекти, како и за шаторите поставени на јавни површини. Во угостителските објекти лоцирани на Трг св. Јурај и Староградска во Ѓурѓевац може да се изведува само соодветна традиционална и забавна музика – стои во одлуката на градските власти.

Не се знае кој ќе го контролира изведбата на „соодветната музика“ и дали има казни за оние кои не се придржуваат до неа, пишуваат хрватските медиуми.