Општина Књажевац во соседна Србија бесплатно дели државни станови и куќи, со цел да го спречи негативниот природен прираст.
Во 2011 година општината имала 32.000 жители, а сега тој број е неколку илјади помалку.
Општинските власти за сите граѓани на Србија кои сакаат да живеат во овој град нудат бесплатни куќи и станови.
Сега се врши попис на објекти кои се во државна сопственост, по што реновирани ќе им бидат понудени на граѓаните.
Милан Ѓокиќ, претседател на општината вели дека нудат и 4.000 евра за секоја невработена мајка која ќе роди трето дете.
Луѓето кои ќе се доселат, ќе имаат шанса да се вработат во индустрискиот сектор.