Градинката Пролет целосно опремена со прочистувачи на воздух

ИЗВОРОпштина Карпош
|

 Градинката „Пролет“ во Козле доби 15 нови прочистувачи за воздух. Со нив, сите објекти на градинката „Пролет“ се опремени со прочистувачи за воздух.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека во претстојниот период локалната самоуправа ќе се фокусира на опремување со прочистувачи на основните училишта.

–     Во изминатиов период навистина инвестираме многу на полето на детската заштита, а во ова ни помагаат и голем број на општествено одговорни компании. Сакам да се заблагодарам на ЕЛЕМ, за донацијата од 9 прочистувачки, како и до школата за странски јазици „Филос“ и болницата „Жан Митрев“, кои ги донираа преостанатите прочистувачи за воздух, рече Богоев.

Опремување на воспитно-образовните установи со прочистувачи за воздух е само една од мерките кои ги презема локалната самоуправа, со цел да обезбеди побезбеден престој на најмладите во градинките.

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски посочи дека компанијата ќе продолжи да биде општествено одговорна и во претстојната, 2019 година.

Соработката која се воспостави меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, по ова прашање, претставува добар пример за конкретен придонес кон локалната заедница и основа за нови акции кои го штитат јавниот интерес.