Градоначалникот на Кисела Вода вели дека има информации за пожар и во Бунарџик

|

Пожарот во скопска Пинтија кој изби близу трафостаницата е локализиран. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека неофицијално, пожар имало и во Бунарџик, но нема потврда за ова. Тој кажа и дека се е под контрола.

– Штотуку беше локализиран голем пожар спроти трафостаницата кај индустриската зона. Пожарната вложи максимални напори да го санираат пожарот.

Службите на МВР брзо интервенираа. Ќе бидеме тука, бидејќи дел од далеководите се надвор од функција, па да видиме да не избие повторно пожар на некоја позиција.

Се е под контрола, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.