Откако на социјалните мрежи се појави видео како директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје им се заканува на учениците и им забранува да протестираат, имаше лавина од незадоволни коментари.
Овој нејзин потег сите го оценија како скандалозен, но за жал, ова не е единствента гимназија во која децата се жртви на притисок за да не излезат на протест.
„Само вие протестирајте и нека нема настава. За последиците не ви гарантирам“ беа последните упатени зборови на оваа директорка која кратко по овој настан повеќе не ја носи титулата „директор“.
Градоначалникот Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката Горица Илиовска.
Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани, како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи.
Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото.
Битката против климатските промени за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите но и на граѓаните. Само така таа битка можеме да ја добиеме. Сите заедно, заради иднината на нашите млади.