Саудиска Арабија планира во северозападниот дел од земјата да го изгради Неом, градот на иднината во кој не би важеле строгите исламски закони и во кој жените би имале исти права како и во западните земји.
Проектот позади кој стои принцот престолонаследник Мухамед бин Салман вреден е 500 милијарди долари и замислен е како место во кое исламското кралство би можело да организира спектакуларни спортски настани како трките Формула 1 или пак бокс натпревари за титулата првак.
https://twitter.com/MattHughesDM/status/1202127088486174721?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1202127088486174721&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F326722%2Fnova-fantazija-od-saudiska-arabija-vo-pustina-niknuva-grad-od-500-milijardi-dolari-a-tamu-nema-da-vladeat-strogite-zakoni
Градот на иднината би требало да биде завршен до 2030-та година. Тамошните власти уште пред две години кога бил направен проектот за градење на градот на иднината, ангажирале голем број експерти за јавните служби од целиот свет како советници на проектот кои би требало да бидат десна рака на принцот престолонаследник.
Кога градот ќе биде изграден, тој ќе функционира како целосно независен од остатокот на таа земја. Во него за двата пола ќе важат истите правила како и во западните земји, а неговите жители ќе можат да уживаат и во алкохол.
Во Тијад веруваат дека градот на иднината од 2030-та година би можел да им помогне во намалување на зависноста од нафта.