Граѓаните се повеќе купуваат дрва – поскапувањето на струјата ги исплаши

|

Во Охрид граѓаните се повеќе купуваат дрва, поради најавите за поскапување на струјата. Од шумското велат дека залихите не се големи, но ќе ги надополнуваат количините во зависност од временските услови за движење низ шумите. Располагаат најмногу со буково огревно дрво.

Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во Македонија, а со електрична енергија е еколошки најприфатливо, оценуваат експертите.

Според нив, грејната сезона најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.