Од вчера на социјалните мрежи почна да се шири фотографија од сметки за струја со кои скопјенец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот, од 16 до 21 јули, два пати е наплатена.
Еднаш во сметката цената му е пресметана за периодот од 23 јуни до 21 јули, а вториот пат во сметката за периодот од 16 јули до 22 август.
Како што може да се забележи од побјавената сметка, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати му се наплатени два пати.
Ова тој го оквалификувал како кражба, а според пресметките само од него наплатени се 1317 денари плус.
За жал ова не е единствен ваков случај кој се шири низ социјалните мрежи. Уште еден граѓанин со фотографија од сметките за струја како доказ ги предупредува останатите корисници да ги проверат своите сметки: