Граѓаните збунети со МојДДВ: Бадијала ли скениравме цел месец?

ИЗВОРСкопје24
|

Нецел месец откако започна проектот МојДДВ, за поврат на 15 отсто од данокот за додадена вредност од секоја сметка, граѓаните добија известување дека за да можат да скенираат сметки ќе мора да ја ажурираат апликацијата. Под известувањето пишува: За да продолжите мора да ја ажурирате апликацијата!

Обновата на апликацијата бара инсталирање одново, а не ажурирање врз постојаната, бидејќи при повторното логирање потребно е да се внесе корисничкото име и лозинката.

Она што е новитет во новата верзија е рамката во која треба да се насочи камерата, за да се скенира фискалната сметка. Може да се одбере тип на баркод скенер и тоа основен и напреден. Останатото е исто како во првичната апликација.

Сепак граѓаните се збунети и се прашуваат, зошто треба да се ажурира апликација која во функција беше помалку од еден месец? Зарем таа верзија застаре за толку кратко време, или не функционираше како што треба, па беше потребна нова, посовремена верзија на истата?