Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември

|

Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.

Границите требаше утре да бидат отворени за имунизираните, но сега е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември.

Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување“ е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере новиот сој“.

Австралија е земја во која процентот на имунизирани граѓани е прилично висок. Прва доза примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно имунизирани се 87 отсто.