Минатата пролет јавноста дозна дека на љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петра Грашо и дојде крајот по цели 24 години. Раскинувањето не го коментираа во медиумите, а неколку месеци подоцна Петар најде љубов со Хана Хуљиќ, а во февруари парот стапи во брак и во јули ќе станат родители.
Ги разбирам луѓето и зошто им е интересно да прочитаат нешто повеќе за мене, немам навика да давам детали од спалната соба или кафулето каде пијам, изјави пејачот.
Тој за прв пат зборуваше и за врската со Даниела.
– Овде се е чисто и јасно, останавме во добри односи. Не би знаел да коментирам или да кажам ништо за сите оние текстови кои се појавија во медиумите за нас во претходниот период. Ме интересираат коментарите на стручни луѓе – рече Петар.
Тој истакна дека му е важно мислењето на неговите блиски, но не се повикува на коментари на непознати лица.