Пејачот Петар Грашо и неговата 14 години помлада и бремена избраничка Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „да“ пред неколку дена во црквата Свети Доминик во Сплит.
Фотографиите од бајковитата свадба ги воодушевија сите, а младенците беа особено вредни, но и емотивни во текот на целиот настан.
Хрватските медиуми сега пишуваат дека Грашо заплакал за време на црковната церемонија, додека хор во црквата ја пеел песната „All You Need Is Love“ од неговите омилени Битлси.
По церемонијата, младенците продолжија да слават со гостите во ресторанот.
Хана, судејќи по фотографиите на Инстаграм, од венчаница се сменила во обичен бел фустан, а бидејќи фустанот бил потесен од венчаницата, до израз дошол трудничкиот стомак на Хана, кој досега не го покажала.