Бели и пастелни згради на ридовите со поглед кон тиркизното море. Заоѓањето на сонцето како обврска, а месечината толку полна и светла како некој да запалил светло. Не дека Карпатос не личи на другите грчки острови, но тој многу себично ја чува својата автентичност заради фактот што се наоѓа “на крајот на светот“.
Оддалечен на само два часа со авион од Атина, Карпатос е остров на кој и во екот на сезоната нема да видите метеж од туристи.
Остров од шест илјади жители, воглавно стационирани во главниот град Пигадиа, познат е низ цела Грција по напорите што ги дава за да го зачува околниот фолклор и се наоѓа точно помеѓу Крит и Родос. Исто така тој е најголемиот дом на бројните иселеници од Њујорк, но и омилено летуавлиште за многумина.
Сепак вистинскиот традиционален дух на Карпатос се крие во планините каде како никаде на друго место во Грција владее матријархатот.
Заради пиратските напади во 6-от и 13-от век луѓето се населиле високо на планината и основале град (денес село) Олимп. Со само 300 жители ова село е жив музеј во кој традиционалната облека, фолклорот и дијалектот и понатаму се чуваат, а локалните жители до 1980-та година живееле без електрична енергија.
Меѓутоа, нешто многу поинтересно што го прави овој град посебен е тоа што во него живее само еден маж.
Добро прочитавте – дури 299 жени се населени во денешниот Олимп и се борат да опстанат во него. Поголем дел од нив работат на Родос, а десетина емигрирале во Њујорк и Балтимор како и поголемиот дел од жителите на Карпатос.
Како што сакаат да кажат мештанките , прво почнале да владеат со кујната, а потоа со сè останато. Со ова се согласува и Фотини Франг од локалната туристичка организација која матријархатот на Карпатос го објаснува со тоа што тамошните жени “имаат посебни супер моќи да бидат столб на куќата и да преживеат во вакво опкружување.“
И навистина е така. Првенствено, жените се одговорни за традицијата која опстојува на Карпатос, споделување на рецепти, одгледување на семејството и работата.
Новинарката од Би-би-си која имала можност да запознае некој од нив изјавила дека силата на овие жени ја допреле многу длабоко.
„Без оглед на државниот ситем или друштво, тие наоѓаат начин да преживеат“ – напишала во својот текст.