Грчките спасувачи ќе користат и подводен дрон во потрага по исчезнатиот Мартин во Егејското море

ИЗВОРТелма
|

Грчките спасувачки служби ќе користат и подводен дрон во потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Егејското море, објавија грчките медиуми.

Потрагата вчера беше отежната поради силните ветрови кои достигнуваа до 5-ти степен по Бофорт скалата. Дронот ќе се користи во потрагата кога ветрот ќе се намали.

Камерата на дронот има видливост до 100 метри длабочина во водата и во радиус од 30 метри.

Во саботата попладне во близина на Посиди на Халкидики во Егејското море исчезнаа тројца Македонци.

25-годишниот Васил беше спасен истиот ден, 30-годишниот Иван беше пронајден по 18 часа минати на отворено море, а потрагата по третиот исчезнат, Мартин се уште трае.