Грци и Македонци во спор чиј специјалитет е мусаката на саем за храна во Германија

ИЗВОРСкопје24
|

Само што го решија спорот за името, Грција и Македонија влегоа во нов конфликт за тоа чив специјалитет е мусаката, објави турскиот „Хаберлер“ (Вести).

Како што пишува дописникот од Атина , грчки сопственик на ресторан Анастасис Пајпетис бил шокиран кога видел кога видел изложена мусака под дрќавни симболи на Македонија на саем за храна во Германија.

“Тие ја промовираат како македонска храна. Не само тоа, туку и служат грчки јогурт и кафе како свое”, изјавил Пајпетис, кој веднаш за тоа ги „алармирал“ грчките медиуми.

Грчките весници објавија фотографии кои ја прикажуваат муската под знамето на “Македонска кујна – традиција и вкус” на изложбениот штанд со симболите на Македонија.

Како одговор на ова, сопственикот на ресторанот, бил упорен во тврдењето дека овој традиционален рецепт е „целосно грчки“.