Грција и Холандија со нови протоколи за македонските граѓани – еве кои се условите за влез

|

Министерството за надворешни работи соопшти дека Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Македонија како зона со многу висок ризик, ова значи дека одиме на едно ниво повисоко од досегашното.

– За сите патници од Северна Македонија кои патуваат за Холандија, ќе важи правилото за задолжителен карантин. Од друга страна, имунизираните патници (две дози и дополнителна трета доза/бустер) кои патуваат од многу високо ризични земји не мора да одат во карантин, информираат од МНР.

Воедно, од таму појаснуваат дека од денеска се до 24 февруари за влез во Република Грција е потребно прикажување на Европски дигитален сертификат. – Доколку имаат навршено најмалку четиринаесет (14) дена од имунизацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната имунизација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот ПЦР или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test), велат од МНР.

– Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава четиринаесет (14) дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до сто и осумдесет (180) дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот ПЦР спроведен во последните седумдесет и два (72) часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од дваесет и четири (24) часа пред пристигнувањето во Грција, додаваат од МНР.