Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото. Тоа значи дека за неим*низираните нема да бидат потребни тестови.
Грција до септември ги укинува сите мерки. Неим*низираните ќе можат слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико.
Од Делфи, каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото.
Тоа значи дека за неим*низираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.
– Не ја игнорираме панде*ијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, подготвени сме за есента и за им*низација, вели министерот.
Според информациите во медиумите, оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.