Грција одлучи да ги намалува сметките за струја со замена на стари фрижидери и клима уреди

|

Грчката влада издвои 100 милиони евра за нова програма чија цел е да им помогне на 200.000 домаќинства да ги заменат своите стари фрижидери, замрзнувачи и клима уреди со нови, енергетски поефикасни апарати, објави Катимерини.

Во насока на намалување на сметките на струја кај граѓаните, но и заштета на електрична енергија грчката влада одлучила дека треба да се направат субвенции за замана на овие уреди.Се очекува програмата да стапи на сила кон средината на годината, а државата да покрива меѓу 30 и 50 отсто од вредноста на новите апарати, во зависност од приходот на домаќинството.

Министерството проценува дека ќе бидат заменети 380.000 стари апарати. Тогаш секое домаќинство ќе троши околу 1.000 киловат часови електрична енергија помалку годишно, што е околу 20 отсто од просечната потрошувачка. Тие ќе заштедат 150-300 евра годишно од сметки.

Оваа одлука можеби треба да им даде идеја и на македонските власти да размислат во насока на заштедување на енергија но и намалување на сметките на струја.