Грција планира до лето да се укинат сите рестриктивни мерки

ИЗВОРТелма
|

Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

Сепак, Плеврис, но и грчките епидемиолози паралелно потенцираат дека ситуацијата не е завршена, станува збор за динамична ситуација и конечните одлуки лесно можат да се променат.

Во секој случај, пораките се дека било која мерка што се укинува, од септември можеби да биде потребно одново да се разгледа и евентуално повторно да се воведе.

Претходно пак, на почетокот на месецов се укина задолжителната маска на отворено, а од пред десет денa, повеќе не е потребно пополнување на ПЛФ формуларот за патување во Грција.

Ова, засега останува и единствената промена во однос на туристите, и правилата за влез во Грција остануваат непроменети.