Преубавиот грчки остров на југот на Пелопонез – Антикитера официјално има само 20 жители. Поради се помалку луѓе и фактот дека без нив се ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра на секој кој ќе се досели.
Високите карпи кои гледаат кон морето, скриени пештери кои треба да се откријат, мало село во кое времето застанало и бујна вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда секако ќе ви посакаат добредојде.
Во близина е Крит од кој со траект се патува два часа. Антикитера е прилично дива, но недопрената природа е она што го прави шармантен. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажите нема метеж.
Доколку сакате да се исклучите, да се чувствувате како надвор од светот, да потонете во мир, ова е вистинско место за вас. На островот постојат само три села во кои доминираат претежно бели куќи и тесни улици, но тука има и неколку таверни и продавници.
Ништо на Антикитера не е слично на Парос, Миконос и Санторини, но ова е автентична Грција. Сепак, и покрај се, туристите го избегнуваат, а изгледа дека и локалното население му свртело грб. Тука има од 20 до 40 луѓе, ниту едно дете и се што се случува, се случува во селото Потамос, пренесува Noizz.
Така се родила генијална идеја и покрената е кампања за повторно населување на островот, се бараат луѓе кои сакаат да се реселат на Антикитера и тука да основаат семејство. Самите природни убавини сепак не се доволни за ваквата иницијатива, па на дојдените им се нуди куќа, обработлива земја и 500 евра месечно во текот на првите три години. Во понудата дури има и бесплатна храна. Неопходно е сепак трајно да се преселите.
Засега околу 15 млади семејства се распрашале за условите.
© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!