Грчки газда ги брка туристите Македонци со лозинка на Wi-Fi “Македонија е грчка”

ИЗВОРСкопје24
|

Сопственик на бар на плажа на Халкидики докажа дека само небото му е лимит во креативноста како да ги одврати гостите од Македонија – стави лозинка „Македонија е грчка“ за безжичната мрежа – објави “Експрес.мк”

Теодорос Теодоридис се решил на ваков чекор откако минатото лето, по потпишувањето на Преспански договор, на прашањето „Од каде сте“, гостите од соседната земја, како што изјави тој за „Тесњуз“, „уредно“ му одговарале „Од Македонија“, без „Северна“.

Газдата на барот „Самер саншајн“ од Неа Ираклија ја пренесува и реакцијата на вџашените македонски туристи.

„Малку им изгледа чудно, но, едноставно, ја внесуваат лозинката и не велат ништо“, објаснува тој, додавајќи дека не се заморува со тоа дали оваа неформална мерка некому му се допаѓа или не.

„Не ми е гајле дали ќе ги донесе овие луѓе повторно во мојот бар, бидејќи, за разлика од сите други, тие само земаат лежалки за две евра и седат цел ден“, порача Теодоридис.