Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечно

ИЗВОРСкопје24
|

Прекрасниот грчки остров на југот на Пелопонез, Антикитера има само 20 жители. Поради се помалиот број на луѓе, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за сите што ќе се преселат таму.

Високите карпи со поглед кон морето, скриените заливи и пештери, малото село во кое се чини како времето да застанало и бујната вегетација што го шири мирисот на рузмарин и лаванда се таму за да ви посакаат добредојде.

Инаку, островот се наоѓа во близина на Крит и истиот важи за прилично див остров каде недопрената природа е токму тоа што го издвојува од другите.

Така, доколку сакате да се исклучите и да пронајдете мир, ова е вистинското место за вас. Туристите го избегнуваат, а во селото има население од 20 до 40 луѓе.

Со цел повторно населување на островот, започната е кампања преку која се бараат луѓе кои што сакаат да се преселат на овој остров и тука да засноваат семејство.

Ако природната убавина не е доволен мотив за вас, властите ви нудат куќа, обработлива земја и 500 евра секој месец во текот на првите три години. Во понудата е вклучена и бесплатна храна. Досега, само 15 семејства се распрашале за условите.