Четката за заби е витален дел од денталната хигиена, покрај правилното миење на забите и користењето на соодветна паста.
Според експертите, четката за заби треба да се менува на секој месец. Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Но, и покрај менувањето на четката, битно е и местото каде што ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите.
Повремено чистете ја четката со антибактериска течност која ја користите за забите, или ставете ја во машина за садови со цел да ја стерилизирате.
`
Најбитно од се е да не ја чувате во пластично капаче бидејќи така влагата подолго останува на четката и развојот на бактерии е поголем.