Грешката на Чолиќ: Ја одби оваа легендарна песна, која стана вечен хит – Велат дека се кае и денес поради тоа

ИЗВОРНов Лист
|

Познатиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага откри дека е вистина за шпекулациите за кои Здравко Чолиќ и денеска жали бидејќи ја одбил песната “Kad hodaš“.

Како што претходно пишуваа медиумите, Чола ја одбил песната бидејќи не го препознал хитот, Бајага откри дека вистината за тоа е сосема поинаква.

– Никогаш не ми беше жал, можам и јас да ја отпеам песната. Чола баш и не ја одби оваа верзија на песната “Kad hodaš“. Имав, искрено, послаба верзија што му ја понудив прва и која не ја прифати – рече Бајага и додаде:

– Имав една дополнителна строфа и мислам дека ја пропуштив главната тема. Тој и Корнелија Ковач не поканија, отидовме јас и кумот Миша Алексиќ, тогаш уште бев во „Рибља чорба“ и му донесовме четири работи: “Tvoje oči”, “Afriku”, “Kad hodaš”, .. искрено, не ја завршив добро таа песна, и сигурно немаше да ја земам во тоа издание, исто како што тоа не го стори Чола – искрено одговори легендарниот музичар.

Тој изјави и дека е само легенда дека Чола не препознал добра песна и дека и денес жали поради тоа.

– Само легенда е дека Чола не препознал добра песна, Чола тоа сигурно би го препознал. И никогаш не ми е жал за песната, секогаш можете и вие да ја пеете – изјави Бајага.