Ако користите спрејови со фактор како заштита од штетното сонце, важно е да знаете правилно да ги нанесувате за тие добро да дејствуваат.
Повеќето луѓе не го нанесуваат спрејот за сончање во доволна количина што е потребна за да ги заштити. Потребно е спрејот да се нанесе обилно, односно додека не стане видлив на кожата, за да може да се впие во кожата. Тој исто така треба и да се нанесува многу често. Потребно е спрејот да се прска околу шест секунди за да се нанесе во доволна количина. На пример, ако нанесувате фактор 45 само две-три секунди, реално добивате заштита со фактор 10 или 12, напоменува њујоршкиот дерматолог Раман Мадан.
Се препорачува и комбинирање на лосион и спреј за сончање кој им е попрактичен на повеќето за употреба на плажа. Лосионот нанесете го уште пред да излезете од дома, а на плажа обновете ја заштитата користејќи спреј и правете го тоа на секои два часа.
Кога станува збор за заштита на лицето, спрејот за сончање никогаш не го нанесувајте прскајќи директно во лице за да го избегнете неговото вдишување. Спрејот обилно нанесете го на дланките и потоа намачкајте го на лицето.