Груевски со лисици на рацете донесен во унгарскиот суд (ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Унгарскиот суд најверојатно денеска ќе ја соопшти одлуката дали ќе дозволи екстрадиција на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Будимпешта.

Како што информираат унгарските медиуми, тој денеска пристигна во судот и го следеше судењето со безбол капче и очила за сонце. Забележливо беше дека пред себе носи палто, поради што се претпоставува дека рацете му се во лисици. Тој одбил да даде изјава за новинарите.

Унгарските медиуми прашуваат во какво својство биле мажите во цивили кој стоеле до него во судницата.

Инаку, на почетокот од судењето неговите адвокати побарале да се исклучи јавноста од сослушувањето поради сензитивни информации, кои наводно би се соопштиле. Обвинителите не се противеле на тоа и судот донел одлука рочиштето да биде затворено за јавност.

Унгарските медиуми објавија и видео од приведувањето на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта, а истото можете да го погледнете ТУКА.