Груевски во Унгарија без венчалната бурма (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

По објавувањето на интервјуто со екс премиерот Никола Груевски, се анализира секој детал на снимката. Од тоа како изгледа, како седи, што носи, како се однесува, кои гестикулации ги прави, како зборува… и ред други детали. Се отиде до таму што се забележа и еден детал. Тој повеќе не ја носи бурмата која додека беше во Македонија не ја вадеше од прст, пишува порталот Скопје1.мк.

Прашање кое се наметнува, дали додека беше премиер протоколот внимаваше до секоја ситница па екс премиерот носејќи бурма на некој начин покажуваше хармоничен брак (и покрај тоа што бурмата во денешно време не е мерило за тоа) или пак можби Груевски кога бегал од Македонија не успеал да ја земе.

Инаку прв пат по десетина години, Никола Груевски во првото интервју по неговото бегство, се појави без венчалната бурма. Експремиерот живее сам во Будимпешта, како што рече во интервјуто згрижен од пријатели. Дома во Скопје, се неговата сопруга Боркица и двете ќерки.

Поранешниот премиер Никола Груевски по бегството во Будимпешта, Унгарија за прв пат ќе се појави во медиум.

ТВ Сител ја има екслузивната можност да разговара со Никола Груевски, и да разговара на темата која ја интересира цела македонска јавност.

Инаку актуелно е бришењето на снимките во Албанија кое го изненади целиот регион. Известувајќи за барањето на македонското обвинителство за снимките од безбедносните камери за бегството на екс премиерот Груевски, албанскиот новински сајт „Балканвеб“ во текст со наслов „Албанија ги праќа во Македонија снимките од бегството на Груевски“, вели дека снимките од бегството на Груевски веќе се симнати од системот и според барањето од македонските власти, ќе се пратат во Скопје.