Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН Куманово

|

Група на револтирани граѓани насилно влегла во просториите на ЕВН Куманово.

Од ЕВН ја потврдуваат информацијата за насилниот влез на група граѓани во оваа институција.

Ова следи откако селата Оризари и Слупчане останаа без напојување по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

Од ЕВН изминатите денови информираа дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето. Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, информираа од „Електродистрибуција“.

Министерот за економија Крешник Бектеши по блокадите во Слупчане со повик: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле.