ГТЦ ги доби првите дрвја на својот кров

|

На кровот на Градскиот трговски центар се засадија првите дрвја, кои беа најавени од градоначалникот Петар Шилегов како дел од изградбата на „Зелен покрив на ГТЦ“.

На зелениот покрив кој е финансиран од Град Скопје, најавено беше засадување на 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови садници на површина од 1.800 квадратни метри.

Исто така, ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.