Гужва и застој на границата Унгарија-Србија пред празниците

|

Жителите на балканските земји кои ја напуштаат Западна Европа и се враќаат во своите домови за божикните и новогодишните празници направија денеска огромна гужва на границата меѓу Унгарија и Србија, каде илјадници возила со часови чекаа да го поминат преминот.

Голем број луѓе од Србија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина работат и живеат во повеќе западно-европски земји а традиционално за празниците и одморите, дали во зима или на лето се враќаат во своите матични држави.

Во актуелната ситуација на масовно ширење на новиот сој во повеќе Европски земји, стравувањата се дека пристигнувањето на овие луѓе би можело да ги зголеми бројот на нови случаи во матичните држави.

Граѓаните велат дека чекаат повеќе од четири часа.