Гужва на овие два скопски булевари- избегнете ги доколку можете

|

ЦУКС известува дека во овие утрински часови зголемен број на возила се забележуваат долж:

-бул. Гоце Делчев во двете насоки,
-бул.Киро Глигоров кон населба Автокоманда

Во продолжение прочитајте и каквае состојбата на патиштата низ Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – м.в. Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40к.м/ч. поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот се одвива до месноста Корита.