Хакери синоќа извршиле упад на повеќе македонски банки

|

Вчеравечер на кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и на домашните банки, потврдија од Народната банката.

Како што споделија тие, причината била хакерски упад или т.н. ДДоС на пад, но, како што уверуваат од Народната банка, проблемите биле надминати во најкус рок, а безбедноста односно доверливоста и интегритетот на податоците во ниту еден момент не биле доведени во прашање.

-ДДоС е на пад на веб-страниците, во кој огромен број фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот ниту, пак, се менува содржината на веб-страницата, објаснуваат од Народната банка.

Оттаму посочуваат дека заедно со домашните банки ги следат глобалните трендови и постојано ја зајакнуваат отпорноста и заштита на информативните системи од зак аните во дигиталниот простор.

Во неделата од твитер-профилот на хакерите со име „Моќна грчка армија“ (Powerful Greek Army) беше најавено дека наскоро ќе има хакерски нап ад на сите банки во Северна Македонија.