Хамбургер 1.300 денари? – Изгор цени на позната плажа

ИЗВОРСкопје24
|

Летото веќе е во полн замав. Македонските туристи веќе се на познатите плажи ширум Европа.

Иако денес сите знаеме дека и во Дубровник може да се испие кафе по нормална цена, под услов да се тргнете од Страдун, се уште постојат и такви кои, после години и години иста приказна, суштински ќе ги потресат цените на одредени добра и услуги.

Токму таков е случајот во Туристичката населба Затон кај Задар, пишува 24 сата. За автомобил кој влегол во 13.20, а излегол во 19.49 наплатиле 250 куни (33 евра).

Високи се и цените на храната. Во Хвар парче пица чини 30 куни (4 евра), а за еден од најскапите хамбургери треба да извдоите 165 куни (22 евра или околу 1300 денари). На хварската плажа Боњ, порција компирчиња се продава за 6 евра, а сендвич чини 13 евра. Точено пиво, пак чини околу 4 евра.

На Хвар и за обично еспресо во кафуле се плаќа 2,5 евра, за шише вода околу 3 евра, а за топче сладолед 2 евра.