Сопругата на Петар Грашo проговори за настапот кој го одржала во поодмината бременост.
Хана Хуљиќ, сопругата на пејачот Петар Грашо, треба да се породи за еден месец, но и покрај поодмината бременост, таа се уште работи напорно.
Така настапи на концертот заедно со нејзиниот татко Тончи Хуљиќ, а бидејќи подготовките за сето тоа беа напорни, вети дека ова ќе и биде последен настап до породувањето.
Ова кутро суштество мораше да ги слуша овие различни звуци на моето пеење во последните неколку дена, таа многу протестираше, но јас реков вечерва да издржам и потоа ветувам дека ќе престанам да пеам“, изјави таа.
„Треба да ја испеам мојата композиција бидејќи ја напишав само за себе и реков дека ќе издржам две песни“, додава Хана.
Таа истакна и дека сега е целосно подготвена за раѓањето на нејзината ќерка.
„Се е во ред. Ова всушност беше најголемиот стрес“, заклучила Хана Хуљиќ.
Таа за прв пат пред неколку дена сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа нејзиниот труднички стомак.