Хана и Грашо за прв пат за бебето, еве како се чувствуваат: Се уште не купиле се потребно

ИЗВОРНов Лист
|

Хана Хуљиќ и Петар Грашо наскоро ќе ја играат улогата на родители, а сега открија дека не ги завршиле сите подготовки за доаѓањето на бебето.

На отворањето на поликлиниката во Сплит сите погледи беа вперени во нив, а посебно внимание привлече трудничкиот стомак на идната млада мајка. Потоа за тамошните медиуми изјавија што чекаат за да почнат да ги бараат работите потребни за бебето.


– Се чувствувам како и секоја друга трудница на светот, се е во ред – го започнала разговорот Хана, и продолжила колку се грижи за своето здравје.

– Тато е голем хипохондрик. Се грижи за себе и за сите нас – истакна таа, по што Грашо набрзо продолжи, но повторно не сакајќи да навлегува во многу детали за породувањето.

– Не би сакал да зборувам многу за детето, освен што секако сум среќен и дека дефинитивно е момент кој ќе ми го одбележи животот – нагласи пејачот.

До породувањето остануваат уште околу месец и половина, пренесуваат медиумите, но што се однесува до нив нема место за „трчање“.

– Се уште не сме купиле се што ни треба за дете, имаме уште време. Имаме работи од неговата сестра, не мора ни да претеруваме – кратко изјавила Хана.