Хана и ја краде славата на мама Тамара: Една слика за милион насмевки! (фото)

|

Кога ќе се прошири семејството со дечиња, тие секогаш се во прв план, а родителите често знаат да кажат дека опкружувањето и најблиските поретко ги забележуваат нив, бидејќи нивните наследници веќе го имаат главното внимание.

Пејачката Тамара Тодевска е благословена со две ангелчиња, првата љубов, ќерката Хана и едногодишното синче Дарен.

Откако потпорасна и почна повеќе да разбира, Хана постојано е со мама – застана на сцена, зема микрофон во рака, сака да се шминка или впрочем да биде мини верзија на својот идол- мама Тамара.

Детската искреност, желбите и однесувањето можат најмногу да развеселат, насмеат и да го направат денот поубав, а овој пат тоа го направи Хана која беше заедно со мама во такси.

Таа побара од чичкото возач да ја пушти погласно музиката од радиото, а кога тоа беше направено, започна да си потпевнува.

Но, сепак, според приложените фотографии и објаснувањето на мама, Хана се уште не беше задоволна.

Она што го сакаше, е да има црвени усни како мајка си, а кога го доби карминот, нејзината насмевка и сјајот во сините очиња беше непроценлив.

Чичкото возач си доби забава така што Тамара и Хана му запеаја новогодишна песна и не се сомневаме дека му го разубавеа денот!