|
Летната сезоната одамна започна во соседна Грција, а нашите граѓани речиси цел мај и јуни го искористуваат убавото време таму да се одморат и да се капат.
Истото се случува и денеска, 1 јули кога во ек е летната сезона.
На граничниот премин „Богородица“ утрово буквално врие, а за влез и излез од земјава се чека и по еден час.
Гужвата не ја причинуваат само македонските туристи, туку и српските кои влезот во Грција преку Македонија им е единствен начин за да пристигнат на море.