Силниот снег кој синоќа почна да паѓа на коловозите во некои делови од престолнината формираше снежна прекривка од неколку центиметри, поради што сообраќајот во цел Блеград се одвива отежнато, а некаде е и на раб од колапс.
Пријави за завеани улици и голема гужва пристигаат од секаде.Повеќе од час ипол се чекаат автобусите. Можат да тврдат дека линијата не е скратена или дека не функционира, но јас стојат час ипол на автобуската станица, вели сограѓанката Наташа.
Bulevar Oslobodjenja, smer ka Auto komandi. Zastoj do broja 117 @SaobrKamera pic.twitter.com/0IK3maBOnF
— Možda ipak* (@mnogo_lepa) January 24, 2019
Таксистите велат: Само главните улици се исчистени и тоа не доволно. Навистина не знаеме како можеше да се случи ова утрово кога снегот заврна вчера. Само главните улици се исчистени и тоа не довоно, насекаде е хаос, а службите за чистење слабо работат. Сите влезови во градот се блокирани. Поради снегот градскиот превоз доцни, па се бара такси возило, а возачите имаат полни раце работа, наведува белградски таксист.
Голем број скратени линии Поради снегот дојде до измени и скратувања на неколку автобуски линии, а и трамваите не сообраќаат добро. Повеќето линии претрпеа измени поради снегот. Од 4.30 скратени се повеќе линии.
Auto put, kod Arene, smer ka gradu. 8.20. @SaobrKamera pic.twitter.com/EwPVexGzsH
— Možda ipak* (@mnogo_lepa) January 24, 2019
И трамвајот има проблем. Утрово затекнавме жена возач која неможе да на другиот булевар бидејќки снегот ги наполни шините. Таа излезе да исчисти, но безуспешно, па колегите ја упатија да продолжи по друга насока. Ништо не е исчистено како што треба, автобисите полека се движат, вели соговорничката.
Во повеќе градови е формирана снежна покривка а во некои делови ситуацијата е критична. Градските служби се ангажирани максимално, што значи дека дека на смена се сите три смени, истакна градоначалникот на Белград.
Паѓа помеѓу 15 и 22 цм снег а се очекува да паѓа до сабота предпладне. Имаме доволно количина на сол, слижбите даваат се од себе за што помалку проблеми да има. Очекуваме и граѓаните да го дадат својот придонес за улиците што подобро да функционираат, со тоа што ќе исчистат пред своите локали и домови, дополни градоначалникот.
Jutro u Filmskom gradu. Predivan sneg u bojama zlata…Kako će izgledati vožnja… @SaobrKamera @GUZVEuBG @BeogradUzivo pic.twitter.com/64u0QTTmMf
— Srboljub Kuzmanović (@srbabeg) January 24, 2019
На ваквите временски услови важно е што повеќе луѓе да се определат за користење на градскиот превоз, помалку да ги користат своите автомобили, со што би се намалила гужвата на улиците.
Има и предупредување до граѓаните да бидат внимателни на ниските температури, а како критичен ден го спомена сабота, кога се очекуваат уште пониски температури.
Се очекува утирнската температура да биде околу нулата, а највисоката дневна 1 степен. Денеска се очекува на повеќе места нови 10 цм снег, а во петок после пладне и ноќта кон сабота дополнителни 10 до 20 цм, а локално и повеќе, така што вкупната снежна покривка во сабота на повеќето места ќе биде 20 до 40 цм, а во планинските делови преку 50 цм.
Auto put, kod Arene, smer ka gradu. 8.20. @SaobrKamera pic.twitter.com/EwPVexGzsH
— Možda ipak* (@mnogo_lepa) January 24, 2019
Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дождови кои ќе бидат обилни и поројни и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
„На повеќе места ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а на пониските места од 10 до 20 сантиметри“, велат од УХМР.
Инаку, времето денеска е променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има нови врнежи претежно од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.