„Минатата година стоев тука со сопругата и знаевме дека ќе станеме родители. Се сеќавам колку силно ја стиснав Меган за рака и размислував дека и самите наскоро ќе имаме дете“, рекол принцот Хари (35), на доделувањето на „WellChild“ наградите во Лондон, пренесува магазинот „People“.
Хари се качил на сцената и како кралски амбасадор имал говор. Имено, со сопругата Меган (38) присуствувале на настанот посветен на децата кои се борат со болести и проблеми. Емоциите го понеле додека зборувал за татковството, па во еден момент солзите само што не му се стркалале по лицето. Така принцот ја покажал својата помека страна и се потсетил на деновите кога станал татко.
„Во оваа организација сум член веќе 10 години и секоја години успева да ме изненади и инспирира. Сега кога стојам овде како родител и ви зборувам вам за сето тоа, во мене се будат емоции за кои не сум знаел додека не станав татко“, завршил Харии рекол дека ниту еден родител не може да замисли како неговото детес трада, па се заблагодарил на сите учесници и добитници на наградите.
Наградите на „WellChild“ се едни од најважните и најемотивните настани во годината. Им оддаваат почит на тешко болните деца и нивните старатели. Хари е покровител на овој настан од 2007-ма година, меѓутоа, ова му е првпат да присуствува како родител. Меган за разлика од него на доделувањето на овие награди првпат учествувала минатата година.