Овен (21.03 – 20.04)
Под голем притисок сте и не сте сигурни дали ќе можете да го спроведете во дело сето она што сте го испланирале. На слободните ќе им се допадне една многу темпераментна личност. Оние во брак и врска ќе бидат во хармонија.
Бик (21.04 – 21.05)
Максимално сте се активирале на деловен план. Во текот на денешниот ден се ќе зависи од вашите одлуки. Во љубовта сте многу емотивни и страствени. Ве очекува интересен ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате многу креативни идеи и можете да очекувате поволен деловен ден. Можна е помош од страна на еден Овен. Вашиот социјален живот е многу богат, вие на вашите пријатели сте им омилена личност.
Рак (22.06 – 22.07)
Пред вас се среќни околности кои можете да ги искористите за својата работа. Можете да се надевате и на некои убави вести. Ви се допаѓа личност родена во знакот на Стрелец.
Лав (23.07 – 22.08)
Можете да се надевате на унапредување и позитивни деловни промени. Аспектите укажуваат на важни случувања. Ве очекува интересна средба со личност која ја сакате. Ќе имате возбудлива комуникација.
Девица (23.08 – 22.09)
Периодот е поволен за оние кои се занимаваат со економија. Аспектите ви се одлични за маневрирање со луѓето. Ве обзема некое чувство на љубомора кое не умеете да го контролирате на вистинскиот начин.
Вага (23.09 – 22.10)
Пред вас е напорен ден во кој ќе бидете многу зафатени. Можете да очекувате позитивни деловни резултати голема финансиска добивка. На љубовното поле без промени.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате многу поволен ден доколку сте планирале некоја деловна презентација. Ќе бидете одлично сфатени. Односот со саканото лице е многу променлив, направете нешто.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во комуникацијата со деловното опкружување сте многу остри и директни. Можете да очекувате напната ситуација. Опуштете се малку. Поволен ден за нови познанства.
Јарец (22.12 – 20.01)
Доколку сте планирале да започнете да се занимавате со работа поврзана за недвижнини, денешниот ден е поволен за тоа. Не сте сосема сигурни што чувствувате за партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поволен ден за да остварите голем дел од своите планови. Можно е да ви остане многу слободно време, па искористете го квалитетно. Доколку сте слободни некое ново познанство ќе ви го растрепери срцето.
Риби (20.02 – 20.03)
Масимално сте им посветени на случувањата на полето на финансиите. Можни се бурни промени на овој план. Сакате сигурност, но и возбуда, а во моментов не можете да го имате и едното и другото.