Херојски подвиг на битолчанец: Од запалениот автобус кај Дубровник евакуирал 50 патници!

ИЗВОРСкопје24
|

Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник.

Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата.