Надал на неговата прес-конференција забележа дека еден од новинарите кои ги знае спие и смеејќи се го разбуди.
Знаеме дека новинарската работа не е лесна но италијанскиот новинар Убалдо Сканагата успеа да заспие дури и на прес-конференција на големиот Рафаел Надал.
Шпанецот го победи на Џејмс Дакворт (6:4, 6:3, 7:5) во првото коло од Австралискиот опен и им се обрати на новинарите на прес конференција, но дел од нив очигледно не беа многу заинтересирани. Сакајќи да одговори на друго новинарско прашање, Надал најпрво со поглед покажуваше кон него и тивко смеејќи се праша што се случува, додавајки дека изгледа не е многу интересно.
-Денес не е многу интересно, рече Надал и предизвика смеа во салата по што му се обрати и на новинарот. „Јас разбирам, ги затворивте очите за подобро да се фокусирате на моите зборови, се е во ред“.
Овој гест стана хит на социјалните мрежи и уште еднаш докажа зошто тој е меѓу најдобрите тенисери во светот. Погледнете:
https://www.instagram.com/p/Bsmlc3jFzcv/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again