Доколку немате време за постапна подготовка на пица, ви советуваме да го пробате најбрзиот рецепт за подготовка на овој италијански специјалитет.
Рецептот за пица кој се подготвува во шолја ги воодушевил луѓето ширум светот особено луѓето кои сакаат да откриваат нови и брзи рецепти.
Освен шолја која ќе ја користите за печење потребно е да имате и силна микробранова печка.
Комплетниот список на состојки и деталните инструкции ви ги претставуваме во продолжение.
Состојки:
– 4 лажици брашно;
– 1/4 лажица прашок за печиво;
– Прстофат содабикарбона;
– 1/4 лажица сол;
– 3 лажици млеко;
– 1 лажица маслиново масло;
– 1 лажица сос од домати;
– 1 преполна лажица рендан кашкавал;
– 5 лажици ситно исечкани колбаси;
– 1/2 лажица мешани зачини (оригано, босилок, бибер или зачин по желба).
Подготовка:
Прво измешајте го брашното, прашокот за печиво, содата и солта па потоа додадете млеко и масло па со лажица измешајте за да добиете тесто. Над тестото ставете го сосот од домати, кашкавалот и колбасите (или било кое сувомеснато) и додадете ги сите зачини.
Ставете го сето тоа во шолја па во микробранова печка на 1 минута и 10-20 секунди или пак додека не видите дека на површината од смесата се појавуваат прекрасните меурчиња.
Уживајте во подготвениот специјалитет.