ХИТ ОГЛАС: Смачено ми е од Скопје, барам дечко од село

ИЗВОРНов лист
|

Секојдневно слушаме луѓето како се жалат од брзиот и се потежок живот во главниот град. Загадување, пренаселеност, немање работа, сообраќаен хаос, бука, половина веќ чекање на семафори и што ли уште не… Девојките се жалат не можат да најдат фино и воспитано момче во денешно време, момците се жалат девојките премногу бараат. Сето тоа е точно но затоа хуморот ни останува, а доказ за тоа е овој хит оглас кој со сигурност ќе ви го подобри расположението.

По се изгледа на оваа девојка навистина и дошло преку глава Скопје и типичните “скопски фраери“ па бара момче од провинција или село.

Инаку интересен е и впечатокот кој странците го имаат за нашата земја, па така Швеѓанки кои неодамна присуствуваа во Скопје на семинар напишаа за своите искуства на својот фејзбук профил. Меѓу другото беа задоволни од храната, импресионирани од цените но не и од мажите.

– Бевме изненадени од нивниот однос, ќе се напијат и после само меѓу себе си прват моабет како кланови.
Дури ако им пристапиш се срамат се пвлекуваат се однесуваат чудно. Главно во градот се колите и пијани секој со што подобра кола паркиран пред кафичите. Чуден народ, чудни момци сите стегнати. Главен разговор сакаш ли да се провозиме надвор ми е паркирана колата.

Присуствувавме во едно кафуле каде имало супер Dj по препорака на нашите пријатели од семинарот. Сите гледаа надоле во својата маса, и само по некој се смееше. Ако некои непознати направат меѓу себе моабет веднаш цел кафич се врти према нив и ги гледа и чека што ќе се случи.

Голема разлика од Шведска дури и неверојатна!